Крвав Божик во Чикаго

Полицијата во американскиот град Чикаго извести дека изминатиот викенд бил еден од најкрвавите во последните години.

За време на Божикните празници 40 луѓе биле ранети со огнено оружје од кои 12 починале. Крвавиот пир започнал со убиство на двајца припадници на криминални банди, а завршил со масовен инцидент во кој учествувале повеќе припадници од криминалното подземје во кој двајца од нив се убиени, а петмина ранети.

Чикаго се соочува со зголемена стапка на криминал и убиства, како и секојдневни пресметки меѓу локалните банди.

Во текот на 2016 година во овој град познат по мафијашките кланови во триесетите години на минатиот век, имало 700 убиства, а само во август биле убиени 78 лица, што е најголема стапка дури од 1997 година. Чикаго има неславен рекорд и е пред Лос Анѓелес и Њујорк по бројот на убиства.