Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на својот ФБ профил се пофали дека изминатиот викенд (во недела на 13.05.2018) премиерот Зоран Заев бил во неофицијална, приватна посета на кривопаланечкиот регион.

,,Денеска гостин во Крива Паланка ми беше премиерот Зоран Заев. Заедно го посетивме манастирот Свети Јоаким Осоговски“-објави Николовски.

Во неколку наврати Заев, за време на викендите, ја поминува Македонија со своите пријатели на мотор. Како што може да се види од фотографиите, каде е во моторџиско одело, на ред дојде Источна Македонија и еден од најубавите македонски манастири ,,св. Јоаким Осоговски“.

Пред неколку недели тој беше во Бигорски манастир.

АКО.мк