Крива Паланка рекордер со 229 пријавени болни и немоќни за гласање

Општина Крива Паланка во која се регистрирани 17.068 регистрирани гласачи има 229 лица болни и немоќни пријавени за денешното гласање. Имало и повеќе пријавени, но 20 се одбиени.

За споредба во општина Куманово се евидентирани  вкупно 90.848 гласачи од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица. Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места. Пријавени се 212 болни и изнемоштени лица.

Во трите општини од гостиварскиот регион, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Гостивар, општинските изборни комисии денеска спроведуваат гласање за 218 болни и изнемоштени лица. Вкупно регистрирани гласачи се 76.362 гласачи.

Понатамуво општина Струга има пријавено 78 болни, во Кавадарци 104, 60 Дебарско, Делчево 107 и т. н.

И во изминатите изборни циклуси опозициските партии реагираа дека во Крива Паланка има нереална бројка на пријавени болни за гласање. Се сомневаа дека нивниот глас се злоупотребува.

 

АКО.МК актуелно-објективно