Кривичен суд демантира дека е направена чистка, туку само обичен годишен распоред

Основен суд Скопје 1 одговори на информациите на медиумите дека в.д. претседателот Татјана Михајлова направила чистка во судот на неподобни судии и ги наградила послушните. Во соопштението се вели:

,,ВД Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден, на колегиум на сите судии при овој суд, согласно Законот за судови, по претходно произнесување на секој од судиите на Колегиум за прибавување мислење со изјава за определба за специјализација од секој судија, со оглед дека се работи за единствен суд во Р.Македонија кој работи исклучиво на кривична и прекршочна материја, а со цел исполнување на функцијата како сервис на граѓаните на Скопје и Р.Македонија и во рамките на потребите на судот за распределба на судиите по оддели и одделенија во кривичната област, утврден е и доставен до сите судии годишниот распоред за работа на ВД Претседателот и судиите на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за 2017 година-се вели во соопштението на Одсновен Суд Скопјке 1.

,,Зачудува интересот на поединци и објавувањето на невистините и непроверени информации во однос на Годишниот распоред за кој согласно Законот за судови, Претседателот или ВД Претседателот на секој суд е должен да го утврди, како би се исполнила функцијата на судот и изршителите на судската функција. Секој судија во овој суд е избран за судија на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а не за оддел или одделение во кое ќе биде распореден да постапува, па нејасна е квалификацијата на „подобни и неподобни“ судии и нејасно е за кого и во кој контекст. Проценката кој судија во кој оддел или одделение ќе биде распоред е законски утврдена и е право на Претседателот или ВД Претседателот на судот, па отаму нејасни се објавените дезинформации за некакво задоволување на желбите или „чистка“ на одредени судии.

Годишниот распоред се утврдува единствено во функција за ефикасно работење на судот, а пред се да се задоволат потребите на граѓаните.

Годишниот распоред почнува да се применува од 1 март 2017 година и во најскоро време списокот на судии ќе биде ажуриран и на веб – страницата на судот.

Судот во целост ги демантира наводите на одредени интернет портали дека со Годишниот распоред за работа на судот се прераспоредени само судии кои биле потпишани на петиција против поранешниот претседател или судии кои постапуваат само по предмети на СЈО, или судии кои се „подобни или неподобни“, со оглед дека судиите се распоредуваат согласно Закон и потребите по оддели и одделнија зависно од бројот на предмети кои се во работа во судот, за да не се дозволи било каков застој во постапувањето и одолговлекување на постапките.

За судот е нејасно каква екслузивна вест претставува Годишниот распоред за работа во судот, кога таков распоред се утврдува секоја година и секоја година се вршат распределби и прераспределби на судии по оддели и одделенија зависно од потребите на судот за што и досега јавно и трансапретно сме известувале“ се вели во реакцијата на Основен суд Скопје 1.