Кривична за две лица вратени од Швајцарија кои се шетале низ Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) и С.Д.(39), двајцата од кичевското село Лисичани.

На19.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавените не се наоѓале во нивните домови и не се придржувале кон мерките за 14 дневна самоизолација.

Тие на 13.03.2020, на граничниот премин ,,Меѓународен аеродром Скопје“, потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 денови, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.