Кривична пријава за убиецот на куче во центарот на Скопје

Лицето што го ликвидираше кучето пред бројни очевидци во центарот на Скопје е сопственик на графичкото студио ,,Липски“. Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски информираше дека тој е идентификуван и ќе биде поднесена кривична пријава:

,,Само што зборував со Командирот на П.С. Центар.
Според нив, обезбедени се сите докази за свирепото убивање на куче со секира. И официјално е утврден идентитетот, истрагата е завршена и сторителот ќе одговара.
Јасно ми беше соопштено дека, согласно одредбите од Законот,
ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНА ПРИЈАВА!’-информираше Жерновски.

Соседи на синот и таткото Христовски кои се сопственици на графичкото студио и веројатно живеат во оваа куќа, велат дека ова не им е првпат и дека со години убиваат кучиња на улица ,,Ленинова“.