Кривични пријави за пратеници-министри од ВМРО ДПМНЕ

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија поднесе кривични пријави против Емил Димитриев, Никола Поповски, Никола Тодоров и Елизабета Канчевска Милевска поради прекршување на изборниот законик. Ова го кажа на прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој рече дека функцијата пратеник е неспоива со било која друга државна функција.

– Во изборниот законик јасно е наведено дека функцијата пратеник е неспоива со функцијата министер и дека од денот на верификација на мандатот за пратеник, функцијата министер им престанува по сила на закон. Во тој случај министерствата не остануваат без раководно место, бидејќи нивното раководење го презема заменик министер – рече Шилегов.

Паралелното вршење на двете функции, пратеник и министер, е спротивно на  законите и претставува злоупотреба на службените положби и овластувања.