Кубанска делегација составена од 37 лекари и 15 медицински сестри пристигна во Италија, кои од сега ќе бидат посветени да им помагаат на здравствените работници во болниците во Ломбардија во итни случаи со коронавирусот.

„Ние сме тука да ѝ помогнеме на Италија, нашата татковина е светот“, рекоа лекарите веднаш по слетувањето на аеродромот во Малпенса.

Кубанските стручњаци ќе го искористат нивното знаење во справавувањето со еболата во борба против коронавирисот.

Извор: Кориера дела Сера