Кубанците од Мајами ја слават смртта на Кастро

 

Емигрантите од Куба што живеат во Мајами по веста за смртта на долгогодишниот кубански лидер и револуционер Фидел Кастро ја слават неговата смрт.

Имено, со свирежи од автомобилите, скандирање, па дури и огномет, жители на квартот Мала куба, ја прославија смртта на Кастро.

Американските медиуми главно за смртта на Фидел Кастро јавуваат со наслови-,,Почина комунистичкиот диктатор Кастро,,.