Кумановец прегази двајца полициски службеници, а потоа предизвика тешка сообраќајка

Според информацијата од СВР Куманово, инцидентот се случил Ноќеска  45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населбата ,,Ајдучка Чешма“, патничко моторно возило ,,Мерцедес“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од С.Ј.(40), удрило во В.Ц. (37, полициски службеник) и А.М. (25 год, кандидат за полициски службеник), кои биле на службена должност.

Полицаецот В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

С.Ј. со возилото „Мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Св.Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „Шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П.(34).

Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телесени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово. С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против истиот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Неофицијално С.Ј.  учествувал во тепачка, а полицијата била повикана на интервенција. Во бркотницата со полицијата тој ги прегазил двајцата полициски службеници.

Извор: радио мрежа Канал 77

Фото:архива