Кумановскиот суд донесе ослободителна пресуда за Заев

Основниот суд во Куманово донесе ослободителна  по приватна тужба на Виктор Цветковски од ГРОМ против лидерот на СДСМ Зоран Заев, СДСМ како правно лице и Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово, за кривично дело неовластено снимање и објавување на разговорите во т.н. бомби на прес-конфернција во Куманово.

„Не сме задоволни од пресудата и затоа ќе ги преземеме сите правни можности до повисоките судски инстанци, Апелација, Врховен суд, а доколку е потребно и до Меѓународниот судот за човекови права во Стразбур. Со оваа пресуда судијата го фрли во вода целиот свој професионален кредибилитет, бидејќи потклекна на политичкиот притисок. Ќе поднесам преставка до судскиот совет за непрофесионално постапување на судијата во овој случај“, изјави Виктор Цветковски, по судењето.

Цветковски ги тужеше Заев, СДСМ и Костовски, заради неовластено снимање и објавување на разговорот меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Извор и фото:СДК