Куновска: Салиери од Пробиштип е измеќар и бесрамник

 

,,Вадо Јовановски, Салиери од Пробиштип, е измеќар и бесрамник кој не сака да се сети дека неговиот Никола Груевски, криумчарски, противзаконито, тајно и за пари ГИ ПОМИЛУВА осомничените за злосторства против човештвото, дела кои согласно меѓународното право не подлежат на помилување“-напиша на својот ФБ профил глумицата Софија Куновска, која е член на СДСМ и беше нејзин пратеник и долгогодишен функционер.

Еве го целосно нејзиниот ФБ статус:

,,Владо Јовановски, Салиери од Пробиштип, напиша:

-Фауст од Муртино потпишал. Своерачно го потпишал договорот. Го потпишал со крвта на загинатите бранители, од сегашните и минатите војни. На тој слуга, гласот му го дадоа триста и педесет илјади заблудени граѓани. Има и такви кои велат дека ѓаволот ги измамил, дека биле несвесни. Како и да е, после е..ње нема каење. Само, штетата што ја направи таа црпка е голема. Ќе има војна! Нова војна ќе има! Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде.

Владо Јовановски, Салиери од Пробиштип, е измеќар и бесрамник кој не сака да се сети дека неговиот Никола Груевски, криумчарски, противзаконито, тајно и за пари ГИ ПОМИЛУВА осомничените за злосторства против човештвото, дела кои согласно меѓународното право не подлежат на помилување.

Груевски го потпиша законот за помилување со крвта на загинатите бранители и со крвта од оние работници од “Маврово“на кои им беше цртано со ножеви по грбовите, за кои Владо пишува.

За тие пусти тендери.

И има каење после е**ње како што Македонија се кае зашто се сје*а што 10 години го трпи Груевски.

И не се 350 000 туку 435 000 кои го дадоа гласот за СДСМ и коалицијата.

П.С. Дозволено за превземање на медиуми со Курирска провиниенција“-напиша на својот ФБ профил глумицата Софија Куновска.