Куче извадено од урнатините во Норча

Неверојатен подвиг на италијанските спасувачки екипи. Тие вечерва успееа да извадат од под урнатините куче, два дена по земјотресот што ја зафати централна Италија. Во земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтер, беа урнати голем број згради и куќи со историско значење во гратчето Норча. За среќа немаше загинати, но имаше повредени граѓани.

Ова неверојатно видео покажува дека сечиј живот е важен и дека спасувачите беспоштедно се ангажариле да го извадат кучето кое издржало три дена и две ноќи затрупано и беспомошно.