Куќен притвор за Јасна Мандиќ

Судија на претходна постапка,не го прифати барањето на обвинителката Вилма Русковска за определување ефективна мерка притвор за осомничената Јасна Мандиќ, која се товари за измама и перење пари во случајот ,,Рекет“.

Ова го изјави нејзиниот адвокат по завршување на исказот на Мандиќ, кој кажа дека за неа е определена мерка куќен притвор..

Потпретседателката во Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, е новоосомничена во истрагата за Рекет, заедно со таткото на Јовановски и со пратеничката Фросина Ременски, за која се определени мерки на претпазливост, одземање пасош, неодалечување од местото на живеење и еднаш неделно јавување во суд.