Кјетил Јансурд од Норвешка е новиот светски шампион во најатрактивната скијачка дисциплина спустот.  

До најсјајниот медал во Оре, Јансруд стигна со време од 1:19.98 минути, две стотинки послабо време имаше Аксел Лунд Свиндал кој пак со овој настап ја заврши својата богата кариера.  

Третото место и бронзениот медал му припадна на Винсент Крихмаер од Австрија. Еден од главните фаворити за златото во оваа дисциплина, Французинот, Парис кој пред три дена беше најдобар во супервелеслалом, денешниот спуст го заврши дури на шестото место.