Македонците кои живеат и работата во Австралија, се силно разочарани и навредени затоа што на изборниот флаер од Лабуристичката партија , под графата Macedonian(јазик), на потенцијалните избирачи им се обраќаат на грчки јазик. Претставници на Светски македонски јазик вложја протестно писмо до претседателката на австралиските лабуристи:

,,Во име на копретседателите на Светскиот македонски конгрес за Австралија, Џим Стефановски и Горан Котев, ви укажуваме дека Вашиот неодамнешен леток,  кој е дистрибуиран до нас, е  погрешен и  дискриминаторски.

Македонската заедница ја поддржа австралиската Лабуристичка партија на избори, а на големо разочарување, добивме изборен флаер на кој на грчки ни се обраќате под графата ,,македонски“.

Флаерот е напишан со  грчкиот превод и поделен меѓу Македонците во изборната единица Батман. Многу е  навредливо и дискриминаторски да се настапи со грчки превод на флаер, со оглед на тоа што македонскиот јазик е јазик на меѓународно призната земја, а постојат регистрирани австралиско- македонски НААТИ преведувачи за македонски јазик во Австралија.

Флаерот ги вознемири македонските емигранти, кои не читаат, зборуваат или пишуваат на грчки јазик и ова се смета за  провокација од страна на австралиската Лабуристичка партија, високо дискриминаторски чин против значително австралиско малцинство.

Веруваме дека ова не е во Ваше име, а преведувачот кој го оверил овој офанзивен провокативен превод, веднаш да го испри со извинување до вашите локални гласачи и македонската австралиска дијаспора“-стои до Лабуристичката партија од македонската дијаспора во оваа земја..