Се шират со брзина на светлината, далекусежно оставајќи штетни последици во општеството. Дезинформациите најчесто се поврзани со политичките и економските теми, но и на такви кои навлегуваат во областа на здравството.
Потребно е да се зголеми свеста кај граѓаните за тоа дека треба критички да ги опсервираат информациите до кои доаѓаат, но истовремено тие и не мора да читаат сѐ што им се пласира – советуваат медиумските познавачи со кои разговараа тимовите на Здружението Медиа плус и радио Канал 77, кои имаат за цел темата медиумска писменост да им ја доближат на младите.
Во рамките на кампањата „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“, Медиа плус и Канал 77 објавија анализа, три аудио спотови, рап песна со видео запис, но и видео во кое медиумските познавачи ги споделуваат своите гледишта во врска со оваа тема.
Како изгледа „пакетот“ од интервјуата на тема медиумска писменост, погледнете во продолжение:
Видеото кое е посветено на спинувањето, е последно од низата мултимедијални продукти кои Медиа плус ги објави во соработка со Канал 77 како дел од проектот КриТинк на фондацијата Метаморфозис и центарот Евротинк.