Лазански го интервјуираше Башар ел Асад

Белградскиот весник ,,Политика” денеска објави интервју со сирискиот претседател Башар ел Асад. Ексклузивното интервју го направи новинарот Мирослав Лазански, кој на македонската јавност и е познат уште од бившите југословенски простори.

Во најавата за интервјуто што треба да биде објавено во четврток, Лазански раскажува дека сирискиот претседател во чија земја веќе пет години се води крвава граѓанска војна и борба со терористичките борци на ИСИЛ, лично му ја отворил вратата од неговата претседателска резиденција , а дотаму го допратила извесна г-ѓа Абир од прес одделението.

,,Две службени црни лимузини на кабинетот на претседателството дојдоа пред амбасадата на Србија точно во 9 и 2о на 1-ви ноември. Тргнав на интервју со претседателот на Сирија Башар ел Асад-во првиот автомобил бевме  службениците на амбасадата милан Вијатовиќ и Вељко Пиљак.

По дваесет минути возење по широките булевари на Дамск кон планината Касјун стигнавме во претседателската палата. Од влезот во комплексот градини,паркови, цвеќиња, палми и патеки посипани со украсни каменчиња, до зградата каде што е прес службата на претседателот, води булевар со 4 ленти!”-раскажува Лазански во воведот на интервјуто со Асад.

Но, на изненадување на новинарот, интервјуто не се случило во овој луксузен претседателски комплекс, туку повторно го вратиле назад во Дамаск.

Лазански раскажува случка како од некој трилер дека по возењето низ улиците на Дамаск одеднаш скршнале во некоја уличка, направиле неколку кругови,а потоа застанале пред некоја обична зграда со дрвени капаци на прозорците и избледена стара врата.

,,Тука сме”-рекла госпоѓата од птрес службата на изненадување на Лазански.

Потоа, Башар ел Асад лично му ја отворил вратата.