Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, во изјава за државната радио телевизија на Хрватска ( ХРТ ), вели дека ракометарите на Хрватска секогаш имаат за цел  подиум на големите натпреварувања, не знам дали можеме да им го расипеме планот, ние осцилираме многу во играта во текот на 60. минути, се мачевме против Јапонија  и Бахреин , вашите репрезентатативци се пример како треба да се игра за својата земја, тие делуваат тимски и со гордост играат за својата држава – изјави капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.

Македонија  и Хрватска вечерва се среќаваат од 18 часот во дербито на третото коло во конкуренцијата „Б“ на Мундијалот во Германија  и Данска.