Лазаров : Нема опуштање против Бахреин, следува тежок ритам на натпревари

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, смета дека ритамот на натпревари кој претстои може да донесе сериозни проблеми во играта на нашата селекција  и треба да се биде внимателен против Бахреин кој покажал дека е селекција која има  капацитет да се надигрува со секого. 

Бахреин е поквалитетна селекција од Јапонија, нема опуштање  и треба сериозно да му пристапиме на овој натпревар,  договорот е да одиме чекор по чекор, не очекува тежок натпревар а победа против Бахреин ке ни значи многу . Загрижен сум што од утре ке играме ден за ден и ке имаме малку време за рекуперирање – изјави Лазаров .

Натпреварот меѓу Македонија  и Бахреин се игра утре со почеток од 14 часот.