Лазаров: Шеф на родилната сала во ГАК е една од најдобрите акушерки што ги знам

,,Жените на ГАК ги пораѓа сериозно обучен персонал, искусни акушерки кои ја породија нацијава, и нови млади генерации кои се обучуваат од сениорите.
Шеф на родилна сала е еден од најдобрите акушери кои имав привилегија да ги запознаам!
Оттука, момак, не да тропаш глупости, него тешка мизерија е муабетов.
Немоќ, инфериорност. 
Во случајов, се дрзнал да спинува, каква штета има што акушерка завршила факултет, било кој?
Срам да се немало!
Единствено што донесе со себе, беше раздор, да си го земеш на одење“.

Со овие зборови на социјалнте мрежи возврати доктор Ненад Лазаров, кој до неодамна работеше во оваа установа, испровоциран од обвинувањата на разрешениот економски директор на Гинекологија, Ваљон Бела, кој објавува обвинувања за наводен криминал, а меѓу другото и дека Шефицата на акушерките е со факултет по македонски јазик.

Оваа лажна вест што ја пласираше сменетиот директор, некои медиуми ја пласираа ударно, предизвикувајќи збунетост кај јавноста.