,,Лајка“ започна со заловување и хуман третман на бездомните кучиња

Бидејќи зимата која претстои знае да биде сурова и за бездомните кучиња, Лајка започна да работи со полн капацитет на подобрување на нивната состојба, информираат од Град Скопје.

,,Тим од сертифицирани професионалци започна со хумано заловување на бездомните кучиња и нивно сместување во суви и топли апартмани со подно греење и легла според сите стандарди, под редовна контрола, третман и нега од страна на негувателите во Лајка.По задолжителниот преглед, вакцинација, стерилизација и чипирање, тие се враќаат во своите апартмани каде ја чекаат својата можност за вдомување. Затоа што секое куче заслужува втора шанса“-велат од Лајка.