Лајм: Коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ќе биде објавена во петок

Под наслов „ Ексклузивно: Груевски и Ахмети во петок ќе ја објават коалицијата, еве ги условите!“,  „Лајм“ вчера, 10.01.2017 пишува дека иако го нема легитимитетот на албанските гласачи, ДУИ и нејзиниот претседател Али Ахмети се пред финализирање на разговорите за формирање на новата влада-пренесува Плусинфо. Според партиски извори, врз основа на динамиката на преговорите, извесно е дека ќе се постигне договор до петок навечер, а се истакнува дека по последното интервју на Груевски за весникот Дневник“, ништо не е исто.

До пред ова интервју расположението на ДУИ, вклучително и на самиот претседател Али Ахмети, беше убедливо против коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, изгледа дека Груевски преку ова интервју испрати неколку шифрирани пораки кои го исплашија Ахмети и ситуацијата веднаш се измени, велат партиски избори во ДУИ. Според нив, сменети се веќе и односите во преговорите и не е веќе ДУИ таа што ги поставува условите, туку условите ги диктира ВМРО-ДПМНЕ. Овие извори додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има список на кадри на ДУИ кои нема да ги прими во Владата, па дури ниту како преговарачи на оваа партија за постигнување на договор за коалиција“, пишува „Лајм“ и додава:

„ВМРО претпочита преговарачи да бидат Муса Џафери и Беким Незири, а не новите министри. Груевски прифатил некои од барањата на ДУИ, со кои оваа партија ќе го оправда договорот. Според се, претседател на парламентот ќе биде од ДУИ, можеби и министерот на финансии, додека пак законот за јазиците ќе претрпи уште една козметичка измена, која ДУИ ќе ја претстави како голема победа. ДУИ формално, веројатно ќе го добие и Министерството за финансии, меѓутоа со овој ресор фактички ќе продолжи да раководи ВМРО-ДПМНЕ. Груевски, всушност, ќе ги прифати сите барања на ДУИ, но нивната реализација ќе остане за двете последни години од мандатот. ДУИ на овој начин ќе има алиби повторно да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, иако членството и Албанците се против, додека пак по две години ќе се распишат нови предвремени избори, кои што ДУИ ќе ги искористи како алиби за да го оправда нивното неисполнување“.

За порталот СДК од ДУИ веќе демантираа дека во петок ќе објават коалиција со ВМРО ДПМНЕ.

Извор: Лајм и Плусинфо