Ла Верита објави аудио снимка на која наводно се слуша гласот и на Катица Јанева

Италијанскиот десничарски весник Ла Верита, на својот интернет сајт објави втор аудио материјал, на кој наводно се слуша и гласот на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Орце Камчев разговара со Бојан Јовановски. Во разговорот Камчев му објаснува како ги броел парите и како на секој апоен од 5о евра направил спецификација.

Го поттикнува Боки 13 да ја забрза целата работа, но да му каже како точно сѐ ќе тече и колку ќе чини.

Камчев бара Бојан да му каже што добива, кога и како, нема проблем сѐ ќе плати и му вели тој да продолжи ја води игранката.

Камчев сѐ обидува да извлече потврда од Бојан Јовановски дека и обвинителката Лиле Стефанова е влезена во целата игра, но Боки тоа не му го потврдува, па Орце спомнува дека наводно пред да ја почнат операцијата со подмитувањето, некој за неа барал стоматолошка ординација, а овој ги одј…, како што вели.

Кон крајот на снимката се слуша глас кој вели ,,не се секирај, сѐ ќе биде“, за кој Ла Верита тврди дека е гласот на Катица Јанева.