ЛДП на Чеда Јовановиќ бара Дачиќ да одлучи дали е српски или руски министер

ЛДП на Чедомир Јовановиќ во Србија реагира на постојаните контроверзни и провокативни изјави на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ со кои ги разгорува страстите во соседството, но и во земјата.

Тие потсетуваат дека Дачиќ му беше портпарол на Слободан Милошевиќ,  а денес е портпарол на интересите на Русија во Србија, користејќи ја секоја прилика да ги исполни нивните зададени задачи на штета на Србија.

Реакцијата на српските либерали следуваше по неумесното интервју на Ивица Дачиќ за агенцијата Бета во кое тој рече дека Србија секогаш им дава се на земјите од бивша Југославија, а тие им удираат шлаканица на српските интереси. Конкретно , се однесува на прашањата за признавање на Косово и гласањето за негов прием во УНЕСКО.

Тоа не е политика на одмазда, туку полотика на реципроцитет-рече Дачиќ.

Линк до оригиналното интервју: