Левандовски: Македонија е опасна , тешко губи на домашен терен

Македонија и Полска го играат дербито во третото коло во квалфикациите за ЕП 2020 година во конкуренцијата „Г“ .

Роберт Левандовски е главна звезда во составот на Полска, за медиумите во својата земја изјави дека Македонија е незгоден противник кој тешко губи на домашен терен .

„Сите гостински натпревари се тешки. Репрезентацијата на Македонија во изминатиот период покажа дека е многу опасна и солидна на домашен терен. Без иницијатива, ќе биде многу тешко да се дојде до победа. Ако играме на нашето препознатливо ниво, само тогаш можеме да бидеме смирени“, изјави Левандовски.

Полска е со максимален ефект по првите две кола, Македонија има четири бода од две средби. Натпреварот, Македонија – Полска се игра в петок од 20-45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.