Политичката партија Левица, објави крајно контроверзна поддршка, за ,,Мадуро и внецуелскиот народ во борбата против империјализмот“.

Во нивниот проглас се вели:

,,Поддршка за работниците и селаните во Венецуела, поддршка за нивната партија Обединета Социјалистичка Партија на Венецуела, поддршка за демократски избраниот претседател Мадуро!

Денеска лидерот на опозицијата во Венецуела одржа говор на кој се прогласи себеси за претседател, иако не ни учествуваше на фер изборите во кои Мадуро победи. Неговиот проглас беше координирано поддржан од скоро сите американски држави (први САД и Бразил), освен левичарските влади во Мексико, Куба и Боливија. Ова е грозно мешање во внатрешните работи на суверена држава и, како што народот во Македонија искуси, тоа не е прв пат за САД. Империјалистичката САД има за цел да ја контролира нафтата во Венецуела и е спремна да соработува со фашистичката опозиција за таа цел.

Мадуро најави прекин на дипломатските односи со САД и им даде на американските ,,дипломати” 72 часа да ја напуштат земјата.

Ова не е прв обид за државен удар во Венецуела од страна на про-империјалистичката олигархија и се надеваме дека ќе заврши како и претходните – неуспешно и без големи крвопролевања“- се вели во поддршката на Левица објавена на ФБ.

Инаку Николас Мадуро го наследи авторитативниот починат претседател на Венецуела, Хуго Чавез, и ја продолжи неговата диктаторска политика во Венецуела.

Оваа латиноамериканска држава е социјалистичка по своето уредување и има огромна стапка на невработеност и сиромаштија. Сите протести на опозицијата и осиромашениот народ се завршени крваво. Земјата политички е речиси изолирана и соработува само со некои социјалистички земји од Латинска Америка.

Вчера, претседателт на венецуелското Национално собрание,  Хуан Гуаидо,  кој повика на протест, се прогласи себеси за лидер во Каракас.

– Денеска, на 23 јануари, објавувам дека формално ги преземам надлежностите на националната извршна власт како претседател на Венецуела, за да се стави крај на узурпацијата, изјави Гуаидо во обраќање на антивладиниот протест во Каракас.

Мадуро беше резибран за претседател на избори одржани лани во мај, кои ги бојкотираше опозицијата и чии резултати не беа признати од ОН, ОАС, ЕУ и повеќе западни земји, вклучително и САД и Австралија, со образложение дека при гласањето имало многу нерегуларности и не било во согласност со демократските стандарди.