Левица скромно од Битола во изборна кампања

Неколкумина членови од политичката партија Левица ја започнаа изборната кампања од Битола. Тие со знамиња и мегафон во рацете ги повикаа граѓаните да гласаат за нив, бидејќи како што рекоа нудат реални работи.

Ветуваат социјална правда, vоведување на минимален гарантиран приход за секое семејство, враќање на можноста за право на пензија и врз основа на работен стаж од 35 години, забрана за приватизација на јавните претпријатија, намалување на платите на пратениците и функционерите. Ова е дел од програмата со која Левица на претстојните избори ќе ја бара довербата од грѓаните. Под името “Искра во мракот” членовите на партијата преку оваа програма ќе бараат глас и поддршка без митинзи туку само во директен контакт со граѓаните на плоштадите и улиците.

levi

Ветуваат и укинување на приватните извршителски канцеларии, воведување интегрирано образование без етнички поделени училишта. Целосно јавно субвенционирано високо образование, обезбедување квалитетно здравствено осигурување за сите граѓани на Македонија, гарантирани откупни цени за на земјоделските и сточарските производи.