Левица со амандман бара задолжително велигденско јајце до компјутер за време на онлајн седниците

Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокираше измените на деловникот на Собрание, со кои би се овозможило седниците да се одржуваат онлајн.

Еден од амандманите на Левица се однесува на велигденските јајца за време на христијанскиот празник Велигден

,,Наместо Апасиев да се потпише и да застане зад неговите навредувачки амандмани, тој низ вода го пушта пратеникот Крмов.

Со таквите амандмани се гледа намерата на Левица исклучиво за блокирање на работата на собранието.


Инаку предлогот е за време на Велигденските празници, пратениците што учествуваат во online работата на собрание пред себе да имаат велигденско јајце.

Срамно и понижувачки кон оние кои дале глас за Апасиев.
Додека тој троши државни пари, додека вмро дпмне како што можевме да прочитаме, му купува станови, додека земал хонорари од СЈО, вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот, за да ги подобри условите за живот на сите“-објави Костадин Костадинов од СДСМ.