Жители и сопственици на продавници и маркети во Реонски центар, упатија отворено писмо до општина Аеродром, од која бараат безодложна реакција за отстранување и казнување на дивите препродавачи на овошје, зеленчук, друг вид храна и разни други артикли.
Тие се распослани по тротоарите и околните паркинзи, а покрај тоа што се директна нелојална конкуренција, ја загадуваат околината со ѓубре, отпад и фекалии.
Го прашуваат градоначалникот, Златко Марин, што сѐ мора да направат за да си ги заштитат своите бизнис интереси.
,,Ова е срам за населбата“-реагираат и жителите на околните згради.
Велат дека не можат да поминат од ѓубре, децата не смеат тука да ги пуштаат заради урина и измет, а дополнително и поради прашината и запуштеното зеленило, кое веќе не постои.
Дуќанџиите пријавиле и во Државен пазаришен инспекторат, но попусто.
,,Добивме глупави одговори од вас, дека немате средства, а со месеци само безполезно се допишуваме и надмудруваме“, велат во својот допис испратен и до градоначалникот Марин.
,,Засрамете се сите, ова е срам“-се вели во реакцијата на жителите и дуќанџиите на реонски центар.
Заради беспомошноста, бараат помош од медиумите и другите државни институции, да се изврши притисок врза Општина Центар и градоначалникот Марин, затоа што, како што велат станува неиздржливо.
,,Верувавме дека нешто ќе се смени со новата локална самоуправа, сме вложиле во станови и приватен бизнис, но сега сме комплетно разочарани“-се вели во дописот од повеќе жители и стопанственици од Реонски центар.
Од жители на Куќен совет ,,Видое Смилевски Бато“ 8А, Кам Маркет, Рептил, Жито маркет, Базаро…
13102018.JPG