Рано утрово екипа на “Паркови и зеленило”,  пресече еден од високите борови во центарот на градот, кај градскиот плоштад, над масите и столовите на „Летница“.
Надлежните зафатот го оправдаа со тоа штодрвото „било гнило и претставувало опасност за граѓаните“.
Сепак,вистинската причина е тоа што пред скоро месец дена, за време на одржувањето на манифестацијата „Охрид трчаТ“се скрши и падна поголема гранка од ова дрво, но за среќа во инцидентот немаше повредени лица.

Легендарната летна бавча на охридска Летница, или “Дарданелите на Охрид”, повеќе нема да биде она што некогаш беше.
Најнапред од старото лежиште ја изместија криминалната приватизација и алчноста на поединци, а од денеска остана и без својот заштитен знак – огромното дрво, под чии сенки секогаш беше пријатно и со провев од свеж ветрец.

      

,,Оформување на крошна,телескопско кратење високи гранки и што ли уште не во модерното време во кое живееме… секогаш ПОСЛЕДНА опција треба да биде сечењето како неизбежно“-реагираа на ФБ од Гарден Центар & Расадник – Розенталис