Легендарниот Ќиро Блажевиќ на удар на хрватските националисти поради неговата поддршка на српската заедница во Хрватска

Легендарниот хрватски тренер, Ќиро Блажевиќ, се најде на удар на хрватските националисти откако тој на српската заедница ѝ даде поддршка за претстојните европски избори во оваа држава.

Тој се обрати во рекламен видео спот на партијата на Милорад Пуповац, која е во изборна кампања за пратеничко место во Европарламентот.

Пуповац и неговата партија се во континуиран напад од страна на хрватските националисти, а на рекламните билборди на Самостојна демократска српска странка од Хрватска, на кои стои слоганот ,,Дали знаете како е да си Србин во Хрватска“, беа напишани заканувачки пораки и слогани.

Откако Ќиро Блажевиќ се појави во спотот на партијата на српското малцинство во Хрватска, осамнаа некролози за него.

Уште сум жив, ќе мора да се помирите со тоа, им одговори Блажевиќ на злобниците.