Телевизија Пинк јави дека нивната новинарка која утрината настрада во тешка сообраќајка во Белград, се чувствува подобро, а лекарскиот тим успеал д ѝ ја спаси раката.
Водителката Деа Ѓурѓевиќ утрината настрада откако автобус удри директно во неа на местото на несреќата каде таа претходно имаше мала сообраќајка и беше излезена да ги види последиците врз автомобилот од неа.
Но, возачот на автобусот изгуби контрола поради лизгава улица и удри директно во новинарката, која доби тешки повреди врз раката.
Доктор Бумбаширевиќ потврди дека успеале да ја сочуваат раката на тешко повредената новинарка.
Операцијата траеле неколку часа.
Раката е успешно сошиена, а како што изјавил лакарот, почнала циркулација на крв низ неа.