Ленче Николовска не му е повеќе советник за земјоделство на премиерот Заев

Ленче Николовска не е повеќе посебен советник на премиерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Таа си дала оставка на 1 ноември и неа повеќе ја нема на списокот на вработени во кабинетот на Заев што е обновен и прикачен вчера на владината веб страница. Николовска за Телевизија 24 вели дека на нејзино барање, а во договор со премиерот ја напуштила советничката позиција и преку личен проект ќе им помага на земјоделците.

Меѓу советниците на Заев го нема повеќе ниту Мерсел Биљали.