Лидерите на ЕУ постигнаа историски договор за седумгодишниот буџет тежок 1.074 милијарди евра

Лидерите на земјите членки на ЕУ по неколкудневни тешки преговори постигнаа историски договор за планот за опоравување на унијaта по тешката економска криза предизвиканата од пандемијата на коронавирусот.

Се договорија за 750 милијарди евра за опоравување на економијата на ЕУ и за седумгодишниот буџет вреден над една илјада милијарди евра .

,,Успеавме. Ова е клучен момент за иднината на Европската Унија“-рече претседателот на Европскит совет, Шарл Мишел.

Планот за опоравување на ЕУ предвидува 390 милијарди евра неповратна помош и 360 милијарди евра кредити.

Францускиот претседател, Емануел Макрон и германската канцеларка, Ангела Меркел го оценија договорот како историски и многу важен.

Фото: REUTERS