Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на своите гости кои денеска учествуваа во свечената церемонија на отворањето на „Дигиталниот Самит на Западен Балкан“, Претседавачот на Министерскиот Совет на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, премиерот на Косово Рамуш Харадинај, Заменик претседателката во Владата на Република Албанија Сенида Меси и министерката за економија во Владата на Црна Гора Драгица Секулиќ, беа дел и од отворањето на ЕКСПО, како придружен настан на дводневниот самит.

Премиерот Заев и владините делегации што зедоа учество на самитот, на ЕКСПО се сретнаа со претставниците на домашните, регионалните, интернационалните компании, но и локални старт-ап фирми кои со обој настан добија можност да се претстават пред публиката и да ги презентираат своите можности за понатамошниот дигитален развој, кој е суштински дел од европскиот интегративен процес на земјите од Западен Балкан.

На отворањето на ЕКСПО свои обраќања имаа министерот за транспорт и врски во Владата на РМ, Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, и Џејмс Макбет Форбес, директор на Друштвото за Германска Интернационална Соработка (ГИЗ) за Македонија и Косово.