Хрватските медиуми го највуваат својот селектор Лино Червар како најголем адут против  Македонија за вечерашната средба. Екслузивниот пакет на ТВ преноси  од Мундијалот за Хрватска го има РТЛ, во нивната анализа се вели дека поранешниот македонски селектор е „џокерот“ на нивната селекција за успех вечерва. 

Лино Червар – селектор на Хрватска

Според анализата на новинарите на РТЛ- Хрватска, квалитетот на нашата селекција е на ниво на Исланд кој го има Палмарсон а Македонија извонредниот  Кирил Лазаров, сепак во оваа најава на мечот констатацијата на авторот на текстот е дека Червар ја знае душата на македонската репрезентација како поранешен селектор  но и тренер на Металург, тоа треба да се искористи констатира Давор Ковачевиќ од РТЛ – Хрватска. 

Раул Гонзалез  и Борко Ристовски 

Ако Хрватска го има Лино Червар за адут наовој натпревар ,  секако ние го имаме Раул Гонзалез кој исто така е одличен тактичар  и според досега прикажаното сигурно ги знае слабите точки на Хрватска , нашата селекција покажа дека може да игра против секого, имаме искуство и младост во составот  и секако и квалитет да се надигруваме. Натпреварот, Македонија – Хрватска се игра вечерва од 18 часот.