Колумните што историчарот Александар Литовски ги пишуваше во периодот од 2015 до 2017 година, како општествно политичка дијагностика на дотогашниот власт, а според рецезентите со својата острина беа како глас во пустината, испечатени се во книгата „Нашето националистичко пијанство“.

Книгата која на 516 страници содржи 106 колумни на авторот Литовски, беше промовирана синоќа во битолската Магаза во присутво на претставници од државната и локалната власт, пратеници, историчари и други општествени дејци од Битола. Тоа се колумни што докторот по историја Литовски ги пишуваше во неделникот „Глобус“ и во весникот „Слободен печат“.

37086488 425854981231207 5849232268689670144 n

 

Историчарот Љубица Јанчева како рецезент на книгата рече дека таа е „разобличување на десетгодишнината од некогашната самонаречена преродба која авторот во колумните ја компарира со халусцинациите, пијанството за наводното бесплатно бањско лекување и скијање на пензионерите, бесплатните ученички и студентски автобуски билети, за наводната загрозеност од Албанците, Србите, Бугарите, Грците, Американците“.

yy

(Авторот на книгата Александар Литовски рече дека излеговме од еден режим, но далеку сме од она што оваа држава и народ залсужуваат- слобода, моралност и човечко достоинствено живеење)

-Заедничка алка која ги поврзува колумните е историјата, движејќи се по патеката од приспособување на историјата за дневно-политички потреби се до нејзиното искривоколчување преку инкорпорирање на античката македонска историја за наша национална. Ламентира за неодбележувањето на јубилејот 100 години од смртта на Јане Сандански. Ламентира за маргинализирањето и уништувањето на делчевизмот, наспроти чествувањето на Делчев- рече Јанчева.

Литовски упати отрезнувачка порака на промоцијата од неговата книга „Нашето националистичко пијанство“.

Излеговме малку од некои проблеми, излеговме малку од еден режим ама далеку сме од она што мислам дека оваа држава и овој народ го заслужува, една слобода, една моралност и едно човечко достоинствено живеење. Се надеваме дека ќе биди подобро, ако не повторно ќе пишуваме колумни, нема друго“, рече Литовски.

Промоцијата на книгата беше одржана во рамки на „Бит Фест“.

55

Преземено од :
Апла.мк