Литовски: Категорично демантирам дека Заев вршел притисок да го декларираме Делчев како Бугарин

Александар Литовски, историчар и член на македонската експертска комисија за спроведување на договорот со Бугарија ја демантира  веста објавена вчера на еден портал дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз историчарите да го декларираат Гоце Делчев како Бугарин. Во веста се наведува дека Заев дури и телфонски вршел притисок врз нив.

-Веста не е точна и категорично демантирм дека премиерот Зоран Заев вршел притисок врз историчарите да го деклариреме Гоце Делчев како Бугарин, како што пренесува порталот. Средбата со премиерот пред состанокот со колегите од Бугарија, имаше само информативен карактер.  Немаше никакви притисоци ниту на темата за Гоце Делчев, ниту на било која друга тема, ни на средбата ни телфонски, изјави за апла.мк историчарот д-р Александар Литовски, член на експертската комисија.

Веста вчера беше објавена со наслов:

СКАНДАЛ ВО КОМИСИЈАТА ЗА ИСТOРИЈА: Заев вршел притисоци  македонските историчари да го декларираат Делчев како Бугарин.

Во веста се пренесува исказ, кој не е атрибуиран, односно не се именува, ниту пак се опишува изворот

-Се бара од нас да го декларираме Гоце Делчев како Бугарин, а не како Македонец. Од она што го дознаваме неофицијално од претходно е дека господинот Зоран Заев вршел сериозни притисоци врз комисијата која што е во рамки на оној договор за доброседство ја договара историјата со бугарската комисија. Од тоа што го дознавме господинот Заев дури и телефонски се јавувал, говорам пред средбата во Брисел пред недобивањето на датум, господинот Заев телефонски им се заканувал на претставниците во оваа комисија по секоја цена прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, за Бугарите да не не блокираат, пишува во веста која Литовски целосно ја демантира.

Извор: Апла.мк