Личното обезбедување Груевски го користел на повик, а последен пат биле со него на 8 ноември

Поранешниот премиер, Никола Груевски, кој има 24 часовно обезбедување од МВР, телохранителите ги користел на повик.

Полициските службеници кои последен пат го обезбедувале Груевски, биле повикани на 8 ноември, минатиот четврток, го оставиле дома и отогаш тој нема побарано нивно присуство.

Како што изјави министерот Оливер Спасовски, судот е тој што не му одредил притвор, а лично не гледа никаква одговорност за бегството на Груевски.