Лозарите бараат цени според шеќерноста на грозјето

 

По направените калкулации и пресметки околу трошоците за производство, лозарите од Тиквешијата заедно со Здруженеито Напредни лозари од Кавадарци, ги утврдија цените на грозјето.Најголем приоритет дадоа за цените за винските сорти на грзоје Смедеревка и Вранец, кои се најзастапени на тиквешките полиња. Предлогот на Здружението е цената да зависи и да варира од висината на шеќерноста на грозјето и истата да се одредува по шеќерни единици. Така на пример за најзастапената сорта Смедеревка, лозарите бараат за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари, ,за 17-13,81 денари,за 18- 14,63 денари,за 19-15,44 денари,за 20 малигани 16,25 денари за килограм, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм.

Според пресметките на Здружението,цената на Вранецот со 18 шеќерни единици треба да изнесува 15 ден за кг,за 19 – 15,83 денари,за 20 – 16,67денари,за 21- 17,50 денари за килограм,за  22- 18,33 денари,со постепено покачување на цената за секоја шеќерна единица при што за  23 малигани цената според нив требало да достигне до 19,17 денари.

Лозарите посочија на сериозен откуп и пократок рок на плаќање.

-Нашите трошоци за произвдоство се зголемија,имаме повисока цена на нафтата,покачена е и цената на репроматеријалите кои за нас се нереални,затоа сметаме дека треба да имаме и повисоки цени .Винариите треба да бидат фер и коректни спрема нас,нивните кооперанти а доколку сакаат да откупуваат треба да достават и банкарска гаранција за тоа,секако и исплатата да биде што е можно побрзо да не чекаме 6 месеци зашто тоа е долг период за нас лозарите,сметаат од Здружението.

За средба со откупвачите и лозарите потврди и министерот за земјоделство Љупчо Николовски  кој рече дека тие се од интерес за двете страни

– За било кои земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите околу дефинирање на процесот на откуп така да во следните неколку дена ќе имаме средба со откупувачите и ќе имаме една заедничка на која ќе ги дефинираме следните чекори за да навремено ги носиме одлуките и да биде подготвен откупот за оваа реколта,изјави Николовски.

Со оглед на тоа дека визбите во Македонија немаат залихи на вино,проценките се дека годинава ќе имаат потреба од околу 150 000 тони на грозје.

 

Билјана Тошевски