Локални избори во БиХ: До 11 часот гласале 16,17 отсто

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина, Ахмет Шантиќ, изјави дека на денешните локални избори до 11 часот на изборните места дошле 506.327 избирачи, или 16,17 отсто од гласачкото тело.

Шантиќ на првата конференција на ЦИК за новинарите рече дека утринава со закаснување биле отворени 19 избирачки места и дека имало приговори за партиски активности по социјалните мрежи за повикување на граѓаните да гласаат за одредени политички субјекти.

Претседателот на ЦИК уште додаде дека не се забележани инцидинти на изборните места, ниту какви било безбедносни проблеми.

Во Босна и Херцеговина денес се одржуваат локални избори на кои граѓаните избираат девет градоначалници и 132 началници на општини, 78 во Федерацијата на БиХ и 62 во република Српска.

Се избираат и 74 општински совети во Федерацијата на БиХ и 58 собранија на општини во Република Српска.

По едно избирачко место има отворено во амбасадите на БиХ во Белград и Виена, во Почесниот конзулат на
БиХ во Грац и во конзуларните претставништва во Минхен и Штутгарт.

Право на глас имаат 3.263.906 државјани на БиХ.

Изборите ги следат околу 70 илјади набљудувачи, од кои 300 се од странство.
Првите неофицијални резултати од изборите ќе бидат познати околу полно

Во Мостар нема избори

Избори нема да има единствено во Мостар, затоа што таму не е спроведена одлуката на Уставниот суд на БиХ за промена на статутот на градот во делот кој се однесува на изборот на советници во градското Собрание. Последните локални избори во Мостар се одржаа во 2008 година.