Локвенец:Со Богоев жива глава извлековме благодарение на Артан Груби

Пратеникот на СДСМ Хари Локвенец кој беше еден од претепаните во Собрание тврди дека токму Артан Груби им помогнал нему и на Стефан Богоев да извлечат жива глава од салата каде се вршеше линч, пишува Бриф.

Ужас, се познаваше дека се обучени, професионалци, службени лица или криминалци од една страна и наркомани и постари лица со очигледен ментален проблем. Единсвена мисла и дилема беше дали е издадена команда за 5- 6 силни шамари или 5-6 убиени пратеници – вака го започна сведочењето од ужасот кој го доживееа пратниците во Собранието, за Бриф, пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

Според неговите кажувања, клучна улога за извлекување на „жива глава“ од таму одиграл пратеникот од ДУИ, Артан Груби чие обезбедување го пробивало патот низ толпата до една од канцелариите на пратениците каде успеале да се спасат заедно со колегата Стефан Богоев.

Бриф.мк/Илин Николовски

Бриф.мк/Илин Николовски

-Јас и Богац своето извлекување од гужвата му го должиме на Артан Груби чие обезбедување го пробиваше патот низ толпата. Ударите ги истрпивме во холот пред салата за прес конференција  каде што не затекнаа хулиганите. Со помош на Груби некако се извлековме од таму и се сместивме во една од канцелариите. Беше страшно, беше опасно…- раскажува Локвенец и додава дека се дезинформации критиките кон пратеникот Груби кои деновиве се шират по медиумите.

 

-Веројатно целта е да се предизвикаат негативни чувства и реакција кон пратениците од ДУИ како дополнително влошување на состојбата. Но уште еднаш кажувам дека во тој ужас бевме подеднакво сите и се спасувавме заедно. Посакувам никогаш повеќе да не се случи ваква трагедидија како што доживеавме. Убеден сум дека состојбите во државата конечно ќе се нормализираат и дека Македонија ќе се врати на демократскиот пат и  вредности- рече Локвенец.