Униформиран и со автоматска пушка во рака, вака белорускиот претседател, Александар Лукашенко, се симна од хеликоптерот и се упати кон својата резиденција во Минск.

Околу него има бројно обезбедување.

Десетина денови трајат протестите на опозициијата која не ги признава резултатите од претседателските избори.

За вечерва најавија дека ќе дојдат пред претседателската палата.