Поразот од Бразил донесе резултатски пробелми за Хрватска која нема право на грешка против Германија и Франција ако сака полуфинале на Мундијалот. Покрај тоа сериозен хендикеп за Хрватска е повредата на Лука Циндриќ, тој се повреди на средбата со Бразил и за него мундијалот е завршен.

Се ме боли, едноставно чувствувам болки на целто тело, не можам да издржам – изјави Циндриќ.

Фото: РТЛ – Хрватска

Лино Червар кој е под огромен притисок по неочекуваниот пораз од Бразил, на местото на повредениот Циндриќ во составот го повика Кристијан Бечири. Хрватска вечерва се среќава со Германија, пораз ке значи крај на амбициите за полуфинале на „каубојите“.