Луѓе со моторни пили се шетале низ ходниците на РТС

Генералниот директор на РТС, Драган Бујошевиќ, им се извини на гледачите затоа што не можеа да бидат емитувани одредени емисии по упадот на дел од опозицијата во зградата на јавниот сервис.

Бујошевиќ им се извини на вработените затоа што беа оневозможени да си ја работат работата и кажа дека луѓе се шетале со моторни пили низ ходниците.

Во зградата на РТС

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за денеска најави прес конференција.

Опозицијата е незадоволна од работата на јавниот сервис и бара рамноправна застапеност на нејзината програма.