Фудбалската лига на шампионите се враќа на програмата со првите натпревари од осминафиналето во Манчестер и Рим, со ова започнува елиминациската фаза во ЛШ.

Јунајтед го пречекува ПСЖ, ова е еден од најитересните мечеви во осминафиналето, изразит фаворит нема па се очекува интересен и неизвесен двомеч.

uefa.com – Манчестер Јунајтед

Јунајтед е во серија на одлични резултати под раководство на Солскјер, веќе 11 натпревари не знае за пораз на кои запиша 10 победи и само еден нерешен меч во Премиерлигата. Дармиан и Валенсија се повредени кај Јунајтед.

ПСЖ е неприкосновен во шампионатот на Франција, има само еден пораз од Лион пред девет дена, има проблем со повредените Муние, Нејмар и Кавани и тоа може да биде сериозен хендикеп за овој меч.

uefa.com – ПСЖ

Интересно за прв пат играат меѓу себе овие два клуба во ЛШ, имаат свои адути, и за двата тима ова е еден од клучните натпревари сезонава во оваа фаза од годината. Главен судија на мечот ќе биде Даниеле Орсато од Италија, за прв пат ќе биде вклучен ВАР во натпреварите од Лигата на шампионите.

Рома на „Олимпико“ го пречекува Порто. Двете екипи се речиси во комплетен состав, Рома не може да смета на повредениот Патрик Шик, кај Порто не се во комбинација повредениот Марега и суспендираниот Корона.

uefa.com – Рома

Римјаните важат за мали фаворити на оваа средба , формата не е во нагорна линија со оглед на фактот дека „волчицата“ има само една победа на последните четери средби во калчото. Порто од друга страна одигра два пати нерешено на последните два меча во домашното првенство но нема пораз од октомври до денеска.

uefa.com – Порто

Статистички Порто е во предност, на досегашните четери меча, има две победи, Рома нема триумф против Порто, два меча завршиле нерешено. На овие четери средби, Рома постигнала само еден гол а примила дури шест.

Натпреварите, Јунајтед – ПСЖ и Рома – Порто се играат од 21 часот.