Вардар е пред пласман во четвртфиналето откако вечерва го прегази Загреб со убедливи 18-27 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Вардар го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава во Лигата на шампионите, извесен е пласман во четвртфиналето, остануваат само формални 60 минути реванш во Скопје.

Вардар едноставно го стопираше Загреб , шампионот на Хрватска постигна само 6 гола во првото полувреме во кое „црвено-црните“ постигнаа 14, перфектно функционираше одбраната на македонскиот шампион.

Вардар водеше од првата до 60 минута и сосема заслужено го доби натпреварот со девет голови разлика.

Најефикасни кај Вардар , Кристопанс и Карачиќ со по пет гола, четери постигна Мораеш, по три пати во листата на стрелците се запишаа Чупиќ и Дисингер. Српскиот голман, Милосављев кој беше избран и играч на мечот зад своето име запиша 14 интервенции. Реваншот во Скопје, кој ќе биде формалност за Вардар е закажан за седум дена.