Уефа во Нион го одреди и патот до финалето во Лигата на шампионите, математички можно е да нема финалист од Англија иако оваа земја дава четери екипи во четвртфиналето, секако, можно е и финале со две екипи од Премиерлигата.

Според ждрепката, победникот од мечот , Тотенхем – Сити ќе игра со подобриот од Ајакс -Јувентус во полуфиналето.

Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од дуелите, Барселона – Јунајтед односно Ливерпул – Порто.

Полуфиналните пресметки се играат на 30 април/1 мај и 7/8 мај, а големото финале е закажано на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.