Актуелниот шампион во Лигата на шампионите екипата на Реал Мадрид е голем фаворит против Ајакс на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам.

Ајакс нема сериозен тим за големи резултати но секако има многу мотиви против актуелниот шампион, екипата од Холандија нема што да загуби во овој двомеч а може да добие многу. Ајакс е во осминафиналето на ЛШ за прв пат по 2006 година, има негативна статистика со Реал кој славел на 7 натпревари, Ајакс на четери и одиграле само еднаш нерешено. Ајакс загуби од Реал на последните шест натпревари на кои постигна само два а прими дури 20 голови. Во домашното првенство Ајакс има две победи и два порази на последните четери меча.

Реал Мадрид не знае за пораз во осминафиналните мечеви од 2003/04 година, последните три сезони доминираше во ЛШ и елиминација од Ајкс во оваа фаза од натпреварувањето ќе се смета за сензација.

Френки Де Јонг

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изјави дека неговиот тим треба да си ја гледа својата игра без разлика кој е противникот, охрабрен е дека против Баерн Минхен одиграле добро и се надева дека младиот Френки Де Јонг кој потпиша за Барселона а ќе настапи вечерва ќе има многу мотив против „кралевите“.

Натпреварот на арената „Јохан Кројф “ се игра од 21 часот, реванш средбата е закажана на 5 март.